Дебата за учество во сообраќајот со електричен тротинет

„Учество во сообраќајот со електричен тротинет – кој, како, кога, дали….?“ е темата на денешната тркалезна маса одржана во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, која е дел од кампањата „Европска недела на мобилност“.

 

Претседателката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Гордана Кожуваровска истакна дека електричните тротинети беа некоја атракција во големите европски градови, но денеска и во нашиот главен град Скопје и во другите останати градови во државата.

 

– Прво и основно немаме дефиниција за електричните тротинети. Второ, кој треба да го употребува, на која возраст треба да го управува, лицето како треба да биде опремено за да може тротинетот да го управува, на кој дел треба да се движи, на велосипедски патеки или на некои специјални тротоари што ќе се направат, рече Кожуваровска.

 

Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар, истакна дека тие како локална самоуправа го стимулиррат користењето на електрични тротинети со цел да се намали возењето на автомобили, а со тоа да се придонесеме за намалување на сообраќајот и загаденоста.

 

Тој информира дека на денешната средба со министерот за локална самоуправа Горан Милевски побарал измени во законите за да можат општините да имаат своја општинска полиција која ќе го регулира користењето на електрични тротинети.

 

Богдановиќ рече дека огромни се инвестициите за да се ослободуваат тротоарите, но додаде дека за две години ќе ја постигнат целта – Центар да биде покриен со велосипедски патеки, односно со патеки каде ќе можат да се движат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.