Во недела велосипедска трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019“, градот со посебен сообраќаен режим

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија во недела од 11.00 до 14.30 часот ќе се одржи велосипедската трка „Трофеј СКОПЈЕ 2019“. Трасата на движење ќе биде од улицата „Самоилова“ (Музеј на современа уметност), долж улицата „Лазар Личеноски“ (круг околу Скопско кале) до улицата „Самоилова“.

 

Од тие причини МВР, како што соопшти, ќе воведе посебен режим на сообраќајот по горенаведените улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

 

МВР апелира граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.