Кенгурите во скопската зоолошка добија живеалиште со нов изглед

Живеалиштето за кенгурите односно реонот на скопската зоолошка градина познат како „Австралија“ доби нов изглед.

 

Белите кенгурчиња од скопската зоолошка беа масовно пренесувана вест во сите светски медиуми, а покрај Пикси и Арчибалд, фамилијата има трет бел член, малото кенгурче Квики.

 

Како што информираат од зоолошката, благодарение на донацијата од компанијата „Подравка“, кенгурите добија нов реновиран дом, со нови поилки, ограда и пропратни елементи, а просторот пред живеалиштето е збогатен со нови интерактивни содржини и игри за деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.