Ешерихиа коли пронајдена во повеќе бунари, извори и чешми во Скопско

Од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје известуваат дека е пронајдена ешерихија коли и други бактерии во повеќе бунари, извори и чешми во Скопје.

 

 Како што информираат од Центарот за управување со кризи водата за пиење - каптиран извор - јавна чешма сред село Чучер Сандево - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

 

Исто така, водата за пиење - каптиран извор – чешма осум чупурчиња - село Чучер Сандево - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

 

Водата за пиење - каптиран извор – чешма во Свети Никита - село Горњане - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата поради наод на Pseudomonas Spp и зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење - каптиран извор – чешма во Свети Николе не одговара на правилникот за безбедност на водата поради зголемен број на колиформни бактерии, како и водата од чешма сред село Горњане - општина Чучер Сандево.

 

Водата за пиење - каптиран извор – стара чешма во село Горњане - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Enterococcus, а водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма сред село Бањани - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии.

 

Понатаму се додава дека и водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма двор во Свети Илија - село Бањани - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.Водата за пиење - каптиран извор – чешма во двор во Свети Илија - село Бањани - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Pseudomonas aeruginosa.

 

Водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма Сељац - село Бањани - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии, како и водата од чешма до рибник Дуло - село Бањани - општина Чучер Сандево, чешма во Горно Маало - село Мирковци - општина Чучер Сандево. Водата за пиење - каптиран извор – чешма сред село Мирковци - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.

 

Бактерии се пронајдени и во водата за пиење - каптиран извор – селска чешма долна во село Мирковци - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии.Водата за пиење - каптиран извор – чешма – село Мирковци - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии и зголемен вкупен број на колонии на 37 степени целзиусови.Водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма сред село Бразда - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма сред село Глуво - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

 

„Водата за пиење – бушен бунар – чешма во двор - село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

 

Водата за пиење - каптиран извор – јавна чешма сред село Побожје - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење - каптиран извор – чешма во Горно Маало - село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата за пиење - каптиран извор – чешма Попова - село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

 

Водата за пиење - каптиран извор – чешма Усова - село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.Водата од чешма во црква - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата од чешма во црква Свети Архангел – село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli.

 

Водата за пиење од јавна чешма во дол - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli. Водата за пиење од чешма сред село Кучевиште - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии. Водата за пиење од јавна чешма во дол - село Бразда - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради наод на Escherichia Coli и зголемен број на колиформни бактерии, како и од копан бунар –двор - село Кучевишка Бара - општина Чучер Сандево.Неиправна е и водата за пиење - каптиран извор – кај Чамите - село Боговиње - општина Чучер Сандево не одговара на правилникот за безбедност на водата заради зголемен број на колиформни бактерии“, се наведува во соопштението.

 

Од ЦЈЗ-Прилеп известуваат дека бактериолошки и физичкохемиски се неисправни водите за пиење во следните населени места: Л.В.с.Сланско–двор, с.Модриште-продавница, с.Самоков – продавница, ОУ село Д.Манастирец, село Манастирец-продавница, с.Пласница-продавница, ОУ с.Пласница, с.Преглово-здравствена станица. Додека само бактериолошки се неисправни водите од Регионалниот водовод с.Лисичани – двор и ОУ „Б.Миладиновци“, село Самоков.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.