Без струја делови на Аеродром, Центар и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ АД информираат дека се планирани технички зафати во електросистемот на град Скопје, а без електрична енергија ќе останат делови на Аеродром, Центар и Сарај.

 

Без струја во периодот од 8.30 до 16 часот дел од улицата Тодор Чангов со подулиците, делот по ресторанот „Едера“ (општина Аеродром), од 8 до 12 часот дел од улицата Ѓорѓи Абаџиев и улицата Кумровец (општина Центар) и од 12 до 14 часот с. Љубин улица 3 и околните улици (општина Сарај).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.