„Комунална хигиена“ изврши дезинфекција на Старата скопска чаршија

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска извршија акција за дезинфекција на Старата скопска чаршија. Дезинфекцијата се спроведе на сите внатрешни улици и делови на Чаршијата, со употреба на специјално комунално возило за оваа намена.

„Во Старата скопска чаршија секојдневно има голем број на посетители и минувачи, така што во координација со општината Чаир одлучивме токму на оваа локација да ги спроведеме овие вонредни мерки и активности, со цел максимално подигнување на нивото на хигиената и чистотата на јавните површини, во насока на заштитата на здравјето на граѓаните“ - изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.