СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Се отстрануваат билборди, стартува корзото во Ѓорче, дератизација во Кисела Вода, табли во парк-шумата Гази Баба

Град Скопје почнува акција за ослободување на јавниот простор за потребите на пешаците и на велосипедистите, за подобар проток на воздух во урбаната средина и за повеќе зеленило.

 

Градоначалникот Петре Шилегов најави дека со оваа акција во наредниот период Скопје ќе бидат отстранети 240 рекламни објекти - билборди и ситилајти.

Од сегашните 680 билборди, ќе останат 560, а ќе се отстранат и сите 120 ситилајти од јавните површини во Скопје.

Со тоа, првата зона од централното градско подрачје целосно се ослободува од поставените рекламни објекти, а се намалува нивниот број и во преостанатите зони.

Шилегов најави и дека во претстојниот период ќе бидат отстранети нелегално поставените рекламни објекти.

 

Информативни табли во Паркот на природата „Гази Баба“

Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ поставија нови информативни табли во Паркот на природата „Гази Баба“.

Од таблите граѓаните може да дознаат кој растителен и животински свет е распространет во парк шумата и секако да уживаат во природата.

 

Ќе се отвора корзото во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски најави дека наскоро се отвора долгоочекуваното корзо во Ѓорче. Изработени се два павиљони, амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи. Предвидено е отворање и на кафулиња. Пешачката улица е со димензии 180 метри и вкупната површина е 252 квадратни метри, информира Наумоски. 

 

Дератизација во Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Центарот за јавно здравје изврши пролетна дератизација за уништување на штетни глодачи. Со дератизацијата во сите месни и урбани заедници се опфатени 3863 шахти, информираат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.