СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Нема градски превоз од утре до вторник, цртање на асфалт во чест на Св. Кирил и Методиј, пожар во Радишани

Со новиот термин за полициски час, од ЈПС информираат дека нема да има автобуси од утре па се до вторник до 5 часот. 

 

„Ве информираме дека од утре, недела (24.05.2020 год) од 11 часот до вторник (26.05.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира, додаваат оттаму.

 

Времениот целосен прекин на сообраќањето на автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници е согласно Одлуката на Влада на РСМ за забрана на движење на населението во посочениот период.

 

Денеска е именден на Киро, Кирил, Кире, Мето, Методиј...Честит за сите нив!


Одбележувајќи го овој голем ден се сеќаваме на ликот и делото на браќа Кирил и Методиј, светите браќа просветители кои оставија голем аманет на идните генерации, информираат од ДКЦ Карпош.


Големите македонски и сесловенски просветители, браќата Кирил и Методиј се темел на писменоста кои со своeто големо дело за човештвото - просветителската мисија се заслужни за културниот развој на словенските народи, одговорни за словенската писменост и литература.


Изложбата на цртежи кои пристигнале и се дел од манифестацијата „Цртање на асфалт“ - 2020 јавноста ќе може да ја види во вторник на 26 Мај, на ФБ страната и YOUTUBE каналот на ДКЦ Карпош.

 

Во скопската населба Радишани, веднаш спроти бензинската пумпа „Еурооил“, вчера избувна пожар

 

Запален беше објект околу кој има бујна вегетација и стари хаварисани возила.

 

Интервенираа пет екипи на Противпожарната служба со помош на граѓаните.

 

Чад од пожарот имаше во целата населба, а очевидци кажуваа дека пожарот наводно настанал од искра при сечење железо.

 

Од пожарот небото над Радишани беше смрачено од огромен облак црн густ чад, а граѓаните во паника ги преместуваа своите возила паркирани во близина на пожарот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.