СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Фекален колектор во Смилковци, карантински продолжен викенд, прскање против комарци, уписи во Бутел

Градот Скопје изврши измена во Тарифниот број 1 на Одлуката со која се намали комуналната такса за фирма, како дополнително олеснување на финансиската состојба на обврзниците.

Доколку таксените обврзници сакаат да добијат корегиран примерок од решенијата, истите може да ги испечатат на официјалниот портал на Град Скопје и тоа во ставката ДАНОЦИ.

Во однос на тие обврзници кои веќе извршиле уплата со целосниот износ, натплатениот износ за такса ќе се префрли за наредната година или ќе се врати, информираат од Град Скопје.

 

ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КАРАНТИНОТ НА 5, 6 И 7 ЈУНИ

Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови и имаат добиено известувања од општината за вршење на дејност и во полициски час, имаат важност во претстојниот продолжен викенд (05, 06 и  07 јуни).

Од општината ги повикуваат сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во  полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Додаваат дека секоја злоупотреба на дозволите за движење ќе се санкционира.

 

ЗА ПРОДОЛЖЕНИОВ ВИКЕНД НЕМА ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

Од денеска, четврток (4.06.2020 год) од 21 часот до понеделник (8.06.2020 год) до 5 часот, јавниот превоз нема да функционира.

Времениот прекин е согласно одлуката за забрана на движење на населението во посочениот период на територијата на Скопје.

Останатиот распоред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.

 

СО ПОДДРШКА НА ЕУ ВО СМИЛКОВЦИ ЌЕ СЕ ГРАДИ ФЕКАЛЕН КОЛЕКТОР ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Градоначалникот на Општина Гази Баба и градоначалникот на Општина Хани Елезит оддржаа состанок по електронски пат на кој ги утврдија детаљите за проектот за заштита на животната средина, кој е поддржан од ЕУ за изградба на фекален колектор за отпадни води во Смилковци, 

 

ОПШТИНА БУТЕЛ ГИ ЗАПОЧНА УПИСИТЕ НА ПРВАЧИЊАТА

Запишувањата во прво одделение во училиштата во Општина Бутел на децата кои се родени во календарската 2014 година ќе се реализираат во текот на месец јуни, информираат од општината.

Заради почитувње на мерките, со опсервацијата се опфаќаат по 10 деца дневно.

Просториите каде што се врши опсервацијата редовно се дезинфицираат е запазено потребното растојание помеѓу присутните.

Новата учебна година во општината треба да ја започнат вкупно 500 првачиња.

 

ТЕРЕСТРИЧНО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ

Tерестричната дезинсекција на подрачјето на Град Скопје против возрасни форми на комарци, ќе започне на 08.06.2020 година (понеделник) и ќе се врши до 12.06.2020 година (петок), во период од 22 до 03 часот наредниот ден.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираат од градот.

 

СЕ ОТЧИТУВААТ БРОИЛАТА И КОРИСНИЦИТЕ ДОБИВААТ ПОРАМНЕТИ И КОРЕГИРАНИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА

Од ЕВН информираат дека од 15 април броилата се отчитуваат и корисниците добиваат порамнети и корeгирани сметки за струја. Оттаму велат дека и досега ги следеле препораките на РКЕ и за неотчитување и за отчитување на броилата и корекција на сметките.

Сите корисници кои доставле состојби за корекција добиле корегирани сметки. Ова значи дека на корисниците во сметките им е регистрирана реалната потрошувачка, се наведува во соопштенито од ЕВН.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.