СКОПСКИ ЕПИЛОГ: Богдановиќ се збогуваше со Дивјак Томиќ, апарати за плаќање сметки за вода, реконструкција на улици во Нерези

Денеска градоначалникот на Општина Центар оствари средба со Душанка Дивјак Томиќ, амбасадорка на Република Србија, по повод завршувањето на нејзиниот мандат во нашата држава. 

 

 

И двајцата соговорници се согласија дека е неопходно продолжување и унапредување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете пријателски земји во сите области од заемен интерес. 

Двајцата соговорници ја нагласија одличната соработка во борбата со последиците од пандемијата предизвикана од опасниот вирус COVID-19.

 

Нов апарат за плаќање на сметки за вода

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја зголемува достапноста на своите услугите корисниците.

По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата лоцирани во СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ и на уште две локации – во Дирекцијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје.

 

Град Скопје и Општина Карпош ќе реконструираат улици околу муслиманските гробишта во населбата Нерези

Советот на Град Скопје денеска расправа за Одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Карпош за финансиско учество за целосна реконструкција на улици во Нерези во Општина Карпош.

Станува збор за одлука со која ќе се обезбедат финансиски средства за реконструкција на неколку улици околу муслиманските гробишта во населбата Нерези, поточно за реконструкција и проширување на улицата кон гробиштата, како и улиците десно и лево од гробиштата.

Сумата за овие градежни зафати е проценета на околу 5 милиони денари, а со оваа одлука Град Скопје ќе учествува во реализацијата на овој проект со износ од 3.500.000,00 денари без ДДВ.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.