Санкционирани 339 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, пришто во Скопје изречени биле вкупно 339 санкции.

Меѓу нив, за возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење - 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила - 14. Санкционирани се и 33  мотоциклисти, а  одземено е 1 патничко возило. Понатаму, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113). Изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за зголемување на безбедноста во сообраќајот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.