(Видео) Николова: Во тек е изградба на булеварот АСНОМ и новиот мост, кој ќе го поврзе Аеродром со Гази Баба и Центар

Во тек е изградбата на втората фаза од изградбата на булеварот АСНОМ, која вклучува изградба на нов мост преку Вардар, кој ќе ја поврзува општина Аеродром со соседните општини Гази Баба и Центар кај населбата Ќерамидница, на крстосницата со булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица, изјави Даниела Николова од СДСМ Аеродром.

„Со изградбата на овој мост двојно се крати времето потребно за патување од Ново Лисиче до Центар, односно од Ново Лисиче до 'Мавровка' би се стигнувало за помалку од 5 минути“, рече таа.

Николова информира дека во завршна фаза е и реконструкцијата на булеварот Видое Смилевски - Бато, а минатата година целосно биле реконструирани булеварот Февруарски поход и уливата Владимир Комаров на потегот од железничка до булеварот Јане Сандански.

„Преку Општина Аеродром изградивме и реконструиравме голем број улици во сите делови на општината: нови краци на улицата Пандил Шишков, нова улица со јавно паркиралиште покрај улицата Фрањо Клуз, нова улица Новопроектирана 3 кај висококатниците, повеќе краци на улицата Венијамин Мачуковски во Мичурин, улиците Тодор Чангов 20, Тодор Чангов 41 и Ѓорги Крапчев 9, Божин Николов - Силни во Горно Лисиче и улицата 20 во Долно Лисиче. СДСМ продолжува да работи на изградба на нова и реконструкција на постојната патна инфраструктура во сите делови на општина Аеродром“, изјави Николова.

 

 

 https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=9L3F5UygOCU&feature=emb_logo

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.