Да се зачуваат ретките, ендемични и загрозени видови растенија (ВИДЕО)

Во СУГС Браќа Миладиновци, здружението Екозвон го спроведува проектот Култивирање на ретки, ендемични и загрозени видови растенија – единствена можност за зачувување на еколошката средина и биодиверзитетот.

 

Целта на проектот е подигање на свеста кај младата популација за значењето и потребата од култивирање на овие растенија и заштита од нивно исчезнување.

 

Здружението Екозвон реализира предавања, обуки, практична настава и креативни работилници за да ги запознае средношколците како да одгледуваат ароматични и лековити растенија.

 

Преку овој проект се дава придонес кон зачувување на еколошката средина и биодиверзитетот во природата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.