Нови 25 пациенти во ковид-центрите во Скопје, се лекуваат вкупно 263 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 25 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 263 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информира министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 5 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 27 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 86 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки“, стои во соопштението oд од министерството.

Додаваат, дека од вкупната бројка на 263 пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, велат од ресорното министерство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.