Без струја делови од Скопје
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 05 Март 2021
Од „ЕВН Македонија“ инфмормираат дека делови од Скопје денеска ќе останат без струја
Според информациите од оваа институција, без електрична енергија ќе бидат:
- во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од селата: Љубин, Глумово, Шишево, Матка, Арнакија, Семениште и Буковиќ, како и стопанските објекти: „Бис оил“, „Адријус“, и „Тиамо“ (општина Сарај),
- во периодот од 9.30 до 13.30 часот корисниците од селата: Добри Дол, Ракотинци и дел од Маркова Сушица, како и сите стопански и нестопански објекти на потегот од село Добри Дол до село Маркова Сушица (општина Сопиште),
- во периодот од 9 до 14 часот корисниците на дел од село Маркова Сушица (општина Сопиште),
- во периодот од 9.30 до 13.30 часот краткотрајни прекини ќе имаат корисниците од селото Маркова Сушица (општина Сопиште),
- во периодот од 9 до 12 часот корисниците од населбата Козле (општина Карпош),
- во периодот од 8.30 до 11 часот корисниците од улицата Кичевска, од бр. 4 до бр. 28 (општина Ѓорче Петров).
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс