Ќе се реконструираат влезот и пристапните улици до болницата „8 Септември“ во Скопје

Одлуката за давање донација на ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ - Скопје е една од главните точки за која ќе се расправа на денешната седница на Советот на Град Скопје.

Со оваа одлука се предлага Град Скопје да даде донација, која се состои во реконструкција на влезот и пристапните улици до ургентниот центар на болницата, на површина од 2.400 квадратни метри, а проценетата вредност на донацијата изнесува 2.356.100 денари, без ДДВ.

„Оваа одлука е од исклучителна важност бидејќи со неа се подобрува пристапноста до ЈЗУ Градската општа болница '8 Септември', која уште од почетокот на пандемијата функционира како ковид-центар“, велат од Град Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.