24 нови пациенти во ковид-центрите во Скопје, се лекуваaт вкупно 446 лица

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 24 нови пациенти поради компликации од коронавирус. Вкупно 446 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува Министерството за здравство.

Во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 5 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 примени пациенти и 6 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени болни, a на Клиниката за детски болести имало два приеми. На Институтот за физикална медицина исто така немало примени.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 38 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 156 пациенти, велат од здравство.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 125 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 128 пациенти, додека на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 14 пациенти. На Клиниката за детски болести има 1 дете позитивно на Ковид-19 вирусот и 2 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 17 болни.

Од ресорното министерство додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 290 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, потенцираат здравствените власти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.