Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа има еден нов хоспитализиран пациент
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 13 Јуни 2021
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент поради компликации од коронавирусот. Вкупно 37 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Пациентот е примен во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември, каде вкупно има 14 болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 2 оздравени пациенти.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс