Град Скопје најави почеток на летна градежна офанзива на улиците и булеварите

Градот Скопје соопшти дека ја почнува летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини.

Планирана е изградба или проширување на следните делници:

- Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри;

- Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри;

- Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри; и на

- Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток).

Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на:

- Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри;

- Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри;

- Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри;

- Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри;

- Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри;

- Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на

- Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри;





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.