Град Скопје в петок ќе прска против ларви од комарци

В петок Градот Скопје ќе прска против ларви од комарци, известија градските служби.

Поради ова тие упатуваат известување до граѓаните дека прскањето против комарци ќе се врши по одреден распоред.

„Авионската дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.7.2021 година (петок), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција против ларви од комарци на подрачјето на градот Скопје ќе се врши на 30.7.2021 година (петок), во текот на денот“, известуваат од Град Скопје.

Доколку временските услови не дозволуваат да се прска, напоменуваат од таму, тогаш авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин.

Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.