Арсовска од Чаир: Сè е можно да се реши брзо ако се има волја и јасен план

Независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, заедно со Беким Сали, кандидат за градоначалник на општина Чаир и носителите на листи за советници од ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Ѓоко Велковски и Зуди Кока, денеска беа во посета на општината.

 

Непостоењето на атмосферска канализација доведува до чести поплави кога има интензивен дожд во Чаир. Нема поврзаност со градскиот водовод, се функционира како во средниот век - со септичка јама. Дури 70 семејства на еден потег во чаирското маало Гази Баба немаат фекална канализација, а дополнително во зимскиот период со денови немаат струја. Недостасува основната инфраструктура - проблемот со водоснабдување е најизразен кога е најпотребен, во летниот период. Проблем е и недоволниот број паркинг места, нема соодветно улично осветлување и не е решен проблемот со кучињата скитници. Ова се дел од поплаките на жителите од населбата Чаир искажани на средбата со Арсовска и претставниците од политичките партии кои дадоа поддршка на кандидатката за градоначалник на Скопје.

 

„Неподходно е реновирање на дел од училиштата, како и конечно завршување на асфалтирањето на улиците каде има најмногу сообраќај. Ни поминаа годините во чекање на решавање на проблемите. Се е можно да се реши брзо ако се има волја и јасен план”- истакна Арсовска.

 

 За чаирчани, нивната општина што локациски е најблизу до центарот на главниот град никогаш не била позаборавена и подискриминирана од општинските власти.

 

“Наместо да се вложува во проекти што ќе ги мотивираат младите да се борат за подобар живот во главниот град и да останат во него, властите ги мотивираат со никакви решенија и  проекти што не се реализираат, да заминат од државата што подалеку. Оваа општина стана одраз на корупцијата во Скопје, работа и подобар живот има само за роднините и пријателите на функционерите. Ние жителите, бараме итни видливи суштински промени,“ - ѝ  посочија дел од жителите на Арсовска.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.