Арсовска: За новиот ГУП мора да се вклучат експерти од областа, но и граѓаните да имаат увид во тоа точно се планира да се направи

За генералниот урбанистички план верувам дека тоа е планот кој што практично ќе мапира и ќе креира каква ќе ни биде иднината нас овде во главниот град, воопшто и во државата затоа што Скопје е центарот на Македонија и верувам дека треба да биде оставен на сите оние личности кои се експерти од областа затоа што има луѓе кои што можат добро и квалитетно да ја завршат оваа работа и верувам дека нивна треба да е експертизата за како тој треба да изгледа, истакна кандидатот за градоначалник на Град Скопје Данела Аросвска, во вечерашното телевизиско соочување на ТВ АЛСАТ М.

Арсовска е дециден дека Генералниот урбанистички план мора да се отвори за граѓаните за сите да имаат увид што точно се планира да се направи, односно како што потенцираше таа да не се дојде до ситуација да се будиме и да гледаме дека некој на три метра од прозорот гради нова зграда.

Меѓутоа уште поважно е тоа што сметам дека Генералниот урбанистички план да се отвори за граѓаните. Секој од граѓаните да може да види и да знае што е она кое што се планира да му се направи, да му се изгради или да се креира како решение во неговото маало, да не почнеме да се будиме наутро и да гледаме дека некој на три метри од прозорот ги гради ново здание бетонско и ни гради нова зграда, посочи Арсовска.

Значи треба да биде сето тоа направено плански и гледаме дека има недостатоци во тоа решение од 2021 година, меѓутоа кој знае и ова какво ќе биде во 2022 година, доколку не се обидеме да го отвориме и за експертизата и за релевантните организации и институции кои што имаат што да придонесат, меѓутоа и за сите граѓаните, да знаат што е она кое што се планира бидејќи градот е на граѓаните, порача Арсовска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.