Стоилковски: „Дрисла“ под Шилегов е еколошка бомба, граѓаните се трујат среде пандемија

Додека Шилегов се обидува да се спаси од потоп со употреба на зборот еколошки, „Дрисла“, која е јавно претипријатие под Град Скопје, прераснува во бомба за ширење зараза, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Тој сподели фотографии од „Дрисл“, кои, како што истакна, покажуваат како во време на борба со епидемија се постапува со медицинскиот отпад.

„Притоа не станува збор за отпад само од Скопскиот Регион, туку, според информациите, се носи медицински отпад од целата држава“, посочува Стоилковски и додава дека тој незаконски се третира на „Дрисла“ под Шилегов.

Партискиот портпарол наведе и одредби од законот за кои смета дека воопшто не се почитуваат и тоа во време кога Македонија има, како што вели, најголема смртност од корона во светот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.