(Видео) СДСМ: Арсовска е странска инсталација, цели 10 години има бугарско државјанство

На виделина е вистината за кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Денеска обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска, рече на прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Потоа таа прикажа документ дека Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство.

„Во 'удостоверение' од бугарското министерство за правда, јасно се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство“, нагласи Петровска, додавајќи дека цели десет години кандидатката за градоначалник на Скопје има резервна татковина.

Претставничката на СДСМ јавно запраша од кои побуди Арсовска побарала бугарско државјанство.

„За чии интереси одработувате? За унгарските? За бугарските? За оние на Груевски? Не може Арсовска да се грижи за интересите на скопјани кога има бугарско државјанство и е почесен Конзул на Република Унгарија“, истакна Петровска нагласувајќи дека странски инсталации кои работат, како што рече, директно против интересите на граѓаните нема да поминат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.