
Градот Скопје планира да додели два милиони денари за семејствата на загинатите во автобуската несреќа
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 25 Ноември 2021

Градот Скопје најави парична помош од два милиони денари за семејствата на загинатите од Скопје во автобуската несреќа што пред два дена се случи во соседна Бугарија.
„На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на својата наредна седница ќе одлучува за доделување на парична помош во знак на солидарност кон семејствата и почит кон настраданите“, информираа од прес-службата на градот.
Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
