СДСМ: Арсовска доделува 80.000 евра за „Градски паркинг“, а ја намалува цената на паркингот во Скопје

Данела Арсовска да не ја покрива својата неспособност со замајување на јавноста. Два и пол месеца Арсовска не реализира ниту еден свој проект и сѐ што прави е на штета на граѓаните, обвини СДСМ.

„Вчера, на предлог на Арсовска, Советот донесе одлука за финансиска помош на ЈП 'Градски паркинг' од пет милиони денари или над 80.000 евра. И додека парите на скопјани ќе се трошат за финансиска поддршка на 'Градски паркинг', Арсовска најавува дека ќе ја намали цената за паркирање на паркинзите на ова јавно претпријатие. Толку од менаџерските вештини на Арсовска и на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не знаат да менаџираат со парите на граѓаните.

 

 

Тие работат по старата матрица на Зоран Ставрески - „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“, како што направи и градоначалникот на Ѓорче Петров, кој во време на криза потроши 6.000 евра за чоколади и сокови.

Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ знаат само да бараат пари од Владата додека општинските буџети ги трошат на непродуктивни цели и партиски вработувања во администрацијата.

Секојдневно се гледа неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, општините, граѓаните не заслужуваат градоначалници што работат единствено за личните и партиските интереси“, се вели во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.