Поставени нови контејнери за електричен отпад во општина Илинден

Жителите на општина Илинден на 12 локации во општината имаат на располагање специјализирани контејнери наменети за електричен и електронски отпад.

Општина Илинден, во согласност со законските обврски што произлегуваат од Законот за управување со електричната и електронската опрема и отпадната електрична и електронска опрема, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, кое е колективен постапувач за управување со отпад од електирчна и електронска опрема, почна со собирање и селектирање електричен и електронски отпад.

„На поставените контејнери има инструкции за користење, како и список на дозволени видови отпад, кои може да се фрлаат во него. Важно е да се напомене дека контејнерите не се наменети за комунален отпад, стакло, хартија, пластика, облека и слични материјали. Целта е ефикасен и економски одржлив систем за собирање, селектирање, рециклирање, преработка и отстранување отпадна електрична и електорнска опрема на подрачјето на општината, а со тоа спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со овој вид отпад“, велат од Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.