Нова опрема за учениците од ООУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, го посети подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Илинден, во кое деновиве пристигна новата опрема за потребите на учениците.

Градоначалникот Александар Георгиевски истакна дека во ова училиште од почетокот на годината досега направени се инвестиции со цел да се подобрат условите за учениците и спроведување на квалитетен воспитно образовен процес.

За таа цел, за подобрување на квалитетот на часовите по физичко и здраствено образование набавени се 50 м2 мека подлога за заштита на учениците, наречена татами, збогатување на училишната кујна со професионални елементи (шпорет, фрижидер и масичка). Во делот за одржување на квалитетот на образовниот процес набавени се и 3 паматни табли, со што е исполнето предизборно ветување на градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестирање во опрема на сите училишта на своја територија затоа што образованието е една од најважните алки во општеството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.