Реконструкција на улици во Текија во општина Илинден

Општина Илинден продолжува со реконструкција на неколку улици на своја територија, со цел подобрување на патната инфраструктура. Во рамките на проектот за подобрување на патната инфраструктура – изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве се почна реконструкција и санација на две улици во населеното место Текија.

Станува збор за реконструкција на улицата кај подрачното основно училиште, како и реконструкција и санација на улицата 1, кои вкупно зафаќаат површина од речиси 700 м2, известува Општината.

Денека, увид на терен изврши градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека овие улици ќе бидат асфалтирани, а во наредниот период ќе се работи и на другите. Жителите и од населеното место Текија ќе добијат подобрена патна инфраструктура со цел подобар и поквалитетен начин на живеење.

Средствата за реализација на овие активности се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.