Изградба на нова линија за фекална канализација за дел од населба Илинден

ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на улица 9 во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства, извести општина Илинден.

Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид во градежните работи пришто истакна дека приоритет во работењето е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во Општината. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење и за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден.

Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, во кој ќе биде поврзана новата линија, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од населено место Илинден, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот, се додава во соопштението на општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.