Шаренило од маски на Априлијада 2024 во општина Илинден

Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, по повод Денот на шегата 1 април. Супер херои, самовили, пчелки, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски ги разгледа маските кои дефилираа во амфитеатарот, и истакна дека сете се убави а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.

Први април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците кои приготвуваат приредби со своите ученици.

Денот на шегата е интернационален празник се слави секаде низ светот и е популатен не само кај децата туку и кај возрасните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.