Утре посебен режим на сообраќај во Oпштина Илинден поради велосипедска трка

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре (16 јуни / недела) во периодот од 12 до 16 часот во општина Илинден ќе има посебен сообраќаен режим поради одржување на велосипедска трка „Трофеј Илинден“ во организација на општината.

Припадници на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземат мерки за пренасочување на сообраќајот по околните улици.

„Трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за рекреативци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев, по ул. 9, ул. 8 до целта – спортска сала Гоце Делчев, додека трасата на движење на учесниците на велосипедската трка за професионалци ќе биде од спортска сала Гоце Делчев кон општинската зграда Илинден, преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино, Марино до целта – спортска сала Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите  на полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива велосипедската трка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.