Градоначалникот Александар Георгиевски им подари училишни ранци на сите првачиња во општина Илинден

Новата учебна година успешно почна во сите училишта на територија на општина Илинден. Училиштата подготвени ги отворија вратите за речиси 2.000 основци и над 300 средношколци, првпат во училишните клупи седнаа приближно 170 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани 68 средношколци.

 

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, по повод почетокот на новата учебна година ги посети општинските основи училишта „Гоце Делчев“, „Ристо Крле“ и „Браќа Миладиновци“, каде што на сите првачињата им подели ранци со училиштен прибор и им посака успешен почеток на новата учебна година, успех во совладувањето на наставните содржини и убави спомени од училишните клупи.

 

Во сите училишта по повод приемот на првачињата се одржа пригодна свеченост за топло добре дојде на новите другарчиња.

 

Во текот на летниот распуст во училиштата на територија на општина Илинден беа реализирани поголем број работни активности, со цел успешно спроведување на воспитно-образовниот процес како за учениците така и за наставниот кадар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.