Изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки на детското игралиште ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи. Дополнително во рамки на детското игралиште се гради кошаркарско игралиште со бетонска подлога, кош и партерно уреден простор.

 

На терен увид на работните активности направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека децата и младите од Бучинци ќе добијат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра, забава и спортски дух.

 

Новото детско и кошаркарско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.