(Фото) Георгиевски: Здравствениот дом во Илинден е во завршна фаз

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом, каде во завршна фаза се повеќе градежни активности.

 

 

Со изградбата на здравствениот дом на граѓаните ќе им се овозможи широк спектар на здравствени услуги во местото на живеење, со што повеќе не ќе мораат да патуваат по дваесеттина километри за да ги задоволат своите здравствени потреби, извести општината.

 

 

Како што изјави градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски здравствениот дом се гради по барање на жителите на општина Илинден, која е со брзорастечки број на населението. Тој додаде дека на ова место се наоѓаше старата амбуланта изградена пред повеќе од половина век.

 

 

„Десетина години наназад едно од основните барања на граѓаните беше изградба на нов здравствен дом. Беше многу ветуван претходно, но не реализиран, па затоа на моја лична иницијатива како градоначалник се изработи нов проект и еве конечно се реализра. По завршување на изградбата општината целосно ќе го предаде здравствениот дом на Министерството за здравство“, вели градоначалникот.

 

Новиот здравствен дом зафаќа бруто површина од околу 600м2, се гради на два ката, два влеза (преден и заден влез), две чекални, два шалтера, четири тоалети и 14 ординации. Во надворешниот дел ќе се обезбеди паркинг простор како и партерно и хортикултурно уредување, информира општината





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.