Положено цвеќе пред споменикот на познатиот војвода Васил Стојанов Аџиларски во Миладиновци

Општината Илинден секоја година континуирано се вклучува во одбележувањето на  големиот државен празник 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба .

 

Делегација на Општина Илинден и граѓани положија свежо цвеќе пред бистата на Споменикот на Васил Аџиларски во населено место Миладиновци.

 

Празнувањето на овој ден ја покажува почитта  кон големите дела на македонската историја и значењето на она што го направиле македонските револуционери во минатото. На овој ден во далечната 1893 година се формирала Македонскта револуционерна организација, која имала единствена цел да го поведе народот во организирана борба за своите права, за да можеме ние денес да ги славиме храбрите потези на македонските револуционери, кои се бореле за самостојна, независна и суверена држава.

 

Меѓу нив е и познатиот војвода Васил Стојанов Аџиларски, кој е роден во с. Аџилари, денешно Миладиновци во 1880 година, а загинува во 1909 година. Историјата вели дека тој на територијата на денешната општина Илинден, пред и по илинденското востание, предводел поголемта комитска дружина, а во неговата чета имало и голем број на комити од околните места на денешната општина Илинден.

 

Со положувањето на свежо цвеќе, споменувањето на големите настани од поблиското историско минато и оддавањето почит на македонските револуционери, општина Илинден традиционално секоја година се вклучува во одбележувањето на Денот на Македонската револуционерна борба.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.