Отворен повик за изложба на уметници од Илинден

Во организација на Општина Илинден на 5 декември 2018 година со почеток во 12:00 часот во Домот на култура „Илинден”, ќе биде отворена изложба на дела на уметниците од општина Илинден.

 

По тој повод, општината ги повикува сите уметници од општина Илинден, без оглед дали професионално или аматерски се занимаваат со сликарство, вајарство, копаничарство... кои сакаат со свои дела да учествуваат на изложбата, своето учество (име, презиме, контакт) да го пријават на тел. (02) 2571-703 или на E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 3 декември, 2018 година.

 

За време на изложбата специјална жири комисија ќе избере две најдобри дела, за чии автори како награда следува самостојна изложба во Домот на култура „Илинден“, што ќе се реализира во наредниот период.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.