Општина Илинден го надмина Акциониот план за чистење на каналите во 2018 година

Реализацијата на проектите Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали, како и Изградба и подобрување на системот за зафаќање и одведување на атмосферските води остануваат еден од приоритетите во работењето на Општина Илинден.

 

Од почетокот на годината досега машински и рачно на територија на Општина Илинден исчистени се главни, секундарни и терцијални отворени одводни канали во  должина од 42.190 метри со што е исполнет и надминат Акциониот план за 2018 година, со кој се предвидуваше чистење, нивелирање и одржување на 42.000 метри од каналската мрежа.

 

По машинското чистење на сисавец на секундарниот канал Топлик во локалната економска зона Ограѓa во должина од 1.500 метри, деновиве во тек беше машинско чистење на каналот Топлик во должина од 1700 метри. Овој секундарен канал кој минува низ нас. Илинден и н.м. Марино претставува една од главните артерии за зафаќање и одводнување на атмосферската вода од овие населени места. Во него се влеваат два терцијални канала со вкупна должина од 2.700 метри, прифаќајќи ги атмосферските  води од централното подрачје на населба Илинден.

 

Во насока на заштита на функционалноста на каналите општинските власти апелираат до граѓаните да се грижат за функционирањето на каналската мрежа, како и укажување дека е забрането затрупување на отворените одводни канали, шанци и ендеци, узурпирање на одводните канали, како и поставување на објекти покрај каналите кои би пречеле на фунционалноста на каналската мрежа.

 

Општина Илинден и понатаму ќе продолжи со реализација на проетот ,,Чистење, нивелирање и одржување на отворените одводни канали“, со цел овозможување на непречен проток на атмосферските води и високите подземни води.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.