Главните влезови и сообраќајниците во Општина Илинден ќе бидат приоритетни за реконструкција во 2019

Советот на Општина Илинден го донесе Планот за изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на општински патишта и улици на подрачје на Општина Илинден за 2019 година.

 

Како што информираат од општината, динамиката на извршување на Планот зависи од приливот на финансиски средства во Буџетот на општината, како и обезбедените средства од домашни и странски финансиски институции. Согласно реалните потреби главните влезови и сообраќајници во општината ќе бидат приоритети за работа, бидејќи преку нив се одвива најголема фрекфенција на сообраќај.

 

Дополнителен приоритет ќе имаат и улиците и патиштата кои се од голема важност за подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Илинден, безбедноста на учесниците во сообраќајот, како и овозможување квалитетни услови за стопанисување на правните субјекти од подрачјето на Општината.

 

Носењето на овој план покажа дека реализацијата на проектот за изградба, санација, реконструкција и рехабилитација на локалните улици и патишта и подобрувањето на инфраструктурата во стопанските комплекси и локалните економски зони остануваат приоритети во работењето на Општина Илинден.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.