All for Joomla All for Webmasters

Литературно матине за деца во рамки на Литературната манифестација Илинден

Во рамки на културната манифестација Илинден, која оваа година се одржува по 20-ти, јубилен пат, денеска беше одржано и литературно матине за деца, на кое најдобрите творби на учениците од основните училишта во општина Илинден, и нивните ментори беа наградени со сет книги и статуетка.

 

А литературни читања имаа голем број поети за деца. Дел од нив ја нагласија потребата од поголемо присуство на писателите за деца во основните училишта.

 

Писателот Васил Мукаетов вели е неблагодарно да се каже дека младите и децата не читаа. Вели дека е задоволен од интересот и продажбата на неговите изданија.

 

 

 

Омилениот меѓу децата, писателот Горјан Петревски вели дека пишувањето книги за деца го оджува весел и млад, а додава и дека го исполнува интересот за неговите книги кој читателската публика го покажува со децении наназад.

 

 

 

Горјан ја потсети и најмладата читателска публика, дека иако технологијата е добра за комуникација и информирање, книгите се незаменливи.

 

 

 

Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, вели дека секоја година интересот за литературното матине за деца е се поголем, децата се мотивираат да творат и за тоа добиваат поддршка од општината.

 

За време на манифестацијата, општината организира и бесплатен превоз од Порта Македонија до Културниот дом во општина Иинден.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.