Со "Стихови за душата" и промоција на книга затворена 20-та Литературна манифестација "Илинден 2019"

Во Домот на култура Илинден, во Општина Илинден, се одржа централниот настан од годинешната 20-та Литературна манифестација Илинден 2019 - поетскиот митинг Стихови за душата.

 

Љубителите на поезијата во Општина Илинден ја имаа привилегијата да уживаат во стиховите на 30-тина реномирани автори од Македонија и регионот,  автори со богати творечки опуси чии дела имаат понесено многубројни награди. Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски истакна дека Литертурната манифестација "Илинден" со својата оригиналност и автентичност зазема значајно место и остава силен белег во културата на нашата земја и регионот.

 

 

Цела недела додека трае литературната манифестација, во Општина Илинден се случува вистински празник на книгата, што всушност е и главна цел на оваа манифестација.  Први со своите стихови поетскиот митинг го отворија Гордана Михаилова Бошнакоска, Сретен Перовиќ од Црна Гора и Михаил Ренџов кои истакнаа дека им претставува чест и задоволство што се дел од еден ваков голем поетски настан и една важна манифестација за македонското творештво, манифестација која од балканска станува интернационална.

 

 

Литературната манифестација ,,Илинден,, е само дел од активностите што Општина Илинден ги презема во насока на развој и негување на културните и образовни вредности. Оваа манифестација која е создадена пред 20 години, денес ја остварува својата цел - интензивирање и промовирање на современите културни достигнувања.

 

Јубилејната 20-та Литературна манифестација „Илинден“ беше збогатена со промоција на романот „Венецијанска бајка“ на младиот автор од Хрватска, Марко Павловски.

 

Романот го промовираше проф. д-р Венко Андоновски, кој уште на почетокот истакна дека за него била чест да преведе еден ваков роман, кој го фасцинирал по неговата едноставност, бидејќи станува збор за бајка која, по првото читање за него како литературен критичар и писател покажала многу стапици.

 

 

Писателот Павловски истакна дека е горд што токму неговиот ропман е преведен и на македонски јазик, а се надева дека така ќе биде и со останатите негови дела.

 

За романот Венецијанска бајка ре;е дека оваа книга воопшто не тежи 200-250 грама туку многу повеќе затоа што е високо компримирана проза со висок стилски дострел.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.