Доделени благодарници на крводарители од Општина Илинден по повод Денот на крводарителството

Во Домот на култура „Илинден”, по повод Денот на крводарителството –17 ти Март, Црвениот крст им додели благодарници на крводарителите што имаат дарувано крв повеќе пати, информираат од општината.

На настанот присуствуваше и градоначалникот, Александар Георгиевски, кој се заблагодари на работната организација и хуманата мисија од страна на Црвениот крст. Тој изјави дека доброволното дарување крв претставува израз на високи етички, хумани и морални вредности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот е висок чин на хуманоста, потенцираше Георгиевски.

Крводарителите кои добија благодарници споделија искуства, доживувања и ја истакнаа важноста на секоја капка дарувана крв.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.