Јакимовски по хаосот во Советот: Колешка била двапати удрена, ова сценарио беше како шамарите во Центар

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски извести дека ги повлекол сите точки од дневниот ред на вчерашната седница на Советот, за да избегне ново сценарио, слично, како што вели, на она со шамарите во општина Центар.

– Јас вчера ги повлеков сите точки од дневен ред, бидејќи бев известен дека наша колекша била двапати удрена. Сакав да го избегнам ова сценарио бидејќи беше многу слично со шамарите во Центар. Можеше да настане општ хаос. Сакајќи да избегнам физички пресметки, јас ги повлеков точките од дневен ред со цел да се смири целата ситуација, кажа Јакимовски.

Мицкоски е во договор со актуелната власт, затоа не прави таму протести туку во општина Карпош. Човек со кој што тој се договара, нормално е да не прави протести. Нема ли причина за што да се направат протести во Македонија, додаде градоначалникот.

Жителите на Карпош се собраа вчера на протест во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент каде што се одржуваше седницата на Општината.

На седницата требаше да се разгледаат измените на неколку ДУП-ови.

Јакимовски претходно ги демантираше, како што вели, „лагите дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.