Ристов: Јакимовски вештачки го одржува во живот ДУП-от на Фатмир Етеми

„Денес, истече рокот за потпишување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Карпош на 5.7.2023. Одлуките не беа изработени од страна на службите на Општината, со што повторно се прави обид за исклучување на Советот од работата на Општината. Со овој чин вештачки се држи во живот ДУП-от нарачан и нацртан за потребите на Фатмир Адеми и неговата фирма ЗСФ“, рече Бранко Ристов, претседател на Советот на Општина Карпош.

ДУП со никаква поддршка од граѓаните, ниту од нивните претставници во Советот.

Тој им се заблагодари на граѓаните за, како што вели „нивната ревносна борба со која кренаа толку врева што дури и партиите како СДСМ и ДПМНЕ, кои историски стоеле на страна на урбанистичката мафија, се спремни да застанат заедно со нас против овој ДУП“.

Апелира до градоначалникот и општинската администрација заедно да ја верификуваат волјата на сограѓаните.

„Да падне, конечно, овој ДУП, со што ќе се отвори простор за носење нов направен во согласност со интересите и потребите на граѓаните“, додаде Ристов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.