Гори дива депонија до Вардар, облаци црн чад над Карпош

Пожар изби на дивата депонија близу Вардар и облаци црн чад ја прекрија населбата Карпош. Пожарникарите се на терен и очекуваат за кратко огнот да биде изгаснат.

„Запалени се сува трева и ѓубре од депонија. Три возила со седуммина пожарникари веќе го гаснат пожарот и очекуваме дека за многу кратко време ќе биде локализиран“, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје.

Пожарот бил пријавен од граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.