Ковачевски: Со изградбата на затворениот пливачки базен и спортската сала „Партизан“, го враќаме спортскиот дух кај граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во отпочнување на градежни активности за изградба на затворен пливачки базен, кој се гради веднаш до салата „Наум Наумовски-Борче“ или попозната како „Партизан“ во Општина Карпош.

„По повеќе од 20 години, а јас би рекол и по повеќе од 40 години, овој објект конечно ќе ја смени својата лоша слика која ја имаше во текот на изминатите децении, а сега со наша поддршка ќе добие нов лик кој може и сами да се уверите е една модерна спортска сала која ќе обезбеди место за спортување на сите граѓани од Карпош, меѓутоа и на граѓаните од другите општини во Скопје кои гравитираат околу Карпош“, рече премиерот.

Се работи, како што објасни, за базен со големина 33×40 метри и длабочина до 1,4 метри, комплетно затворен базен кој ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала и која инвестиција е финансирана од Владата преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 760 илјади евра.

„Веќе привршуваат работите на комплетната реконструкција на салата „Партизан“ кои треба да завршат некаде до средината на октомври што значи дека за 1 месец од денес ќе имаме пуштање на оваа сала и да видиме повторно младите карпошани и повозрасните да се занимаваат со своите омилени спортови.

Тука ќе биде местото каде што ќе можат да се сместат голем број на спортски клубови кои функционираат во Карпош, од кошаркарските клубови, ракометните клубови, одбојкарски, карате клубови“, рече Ковачевски.

Салата како што појасни била донација на Франција после земјотресот во Скопје од 1963 година, а денес карпошани ќе добијат комплетно нова, реконструирана сала и комплетно нов затворен базен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.