Без струја делови од Карпош
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 20 Ноември 2023
ЕВН Македонија АД известува дека поради планирани технички интервенции во елктро-дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници во општина Карпош.
Во период од 09,30 до 12,30 часот струја ќе немаат дел од потрошувачите на улица Крагуевачка бр.2 и улица Франклин Рузвелт бр.148 во општина Карпош, а во период од 08,30 до 10,30 часот без електрична енергија ќе бидат зградата на поранешно Горење и околината на булеварот Партизански одреди бр.72 во општина Карпош.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс