(Видео) Советник од Карпош: ДПМНЕ и Левицата ги блокираат платите на вработените во градинките, училишта и администрацијата во Карпош

Поради блокадите на ДПМНЕ и Левицата, загрозена е работата на градинките, училиштата и на администрацијата на Општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во Општината, Владимир Бислимовски.

На последната седница на Советот на Општина Карпош, вели тој, ДПМНЕ и Левицата не само што го блокираа донесувањето на буџетот туку ја блокираа и одлуката за привремено финансирање.

 

 

Со ова вработените во градинките, училиштата, администрацијата во Карпош, вработените што се грижат за водоводите, хигиената, одржување на локалните институции не може да земат плата.

„Со што овие луѓе им згрешија на Мицкоски, ДПМНЕ и на Левицата, па вака да ги казнуваат? Затоа е и овој протест денеска на некои од вработените, кои се соочуваат среде празници да бидат без пари, да не можае да си ги платат сметките, да не може да одвојат за своите деца. Ова што го прават ДПМНЕ, Левицата и Мицкоски не е политика. Ова е предизвикување пакост и штета на работниците и граѓаните поради лични хирови на Мицкоски“, рече Бислимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.