(Видео) Велјановски: Со насилство и талатизација во советот на Општина Карпош, со Левица како главен играч, се донесе буџетот на општината, среќна нова 1949

Денес сме сведоци на насилство и талатизација на Советот на општина Карпош. Имено, на сила, вон секоја демократска процедура, со кршење на сите законски акти и подакти, со кршење на Деловникот, Статутот на општина Карпош и Законот за локална самоуправа, со 15 гласа ЗА беше усвоен Буџетот на општина Карпош за 2024 година, истакна Роберт Велјановски, Советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Карпош.

 

 

„На наше големо жалење градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, со помош на советниците од Гром, СДС и епските јунаци од политичкиот исцедок на СДС, Левица спроведе целосна и комплетна Талатизација на Советот на општина Карпош.

Пулените на шарениот револуционер Димитар Апасиев режираа класична трагикомедија во Советот на општина Карпош со непојавување на Претседателот на Советот на четвртото продолжение на 37-мата седница на Советот“, вели тој.

„Борецот, левичарот и надобудниот Талат, како што ги нарекува, за да му остави простор на Јакимовски насилно да го протнат буџетот, Бранко Ристов ненадејно добил напади на дијареа и влошување на општата здравствена состојба.

На седницата, полна со деловнички и законски недоследности какви што до сега никогаш не се случиле во Советот на општина Карпош, со флагрантно кршење на Деловникот на Советот на општина Карпош беа погазени легални поднесени амандмани, поднесени од легитимно избрани народни претставници – советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија“, додава Велјановски.

Според него, можеби советниците на Левица и нивниот претседател на Совет „се надеваат или договориле определена награда од дилот меѓу Пуцко, Стевчо Јакимовски и СДС“.

Истакнува дека треба да знаат дека:

„На спроведеното насилство ВМРО-ДПМНЕ ќе одговори со легални мерки и инструменти за да ги спречиме во криминалните дилови за бетонизација на Карпош

Разголени и препознаени сте од граѓаните на Карпош, вашите фолирантски трикови ќе бидат казнети на изборите во мај, а потоа и на локалните избори.

За ова денес ќе одговарате пред законот и институциите.

Борбата со коалицијата на градежната мафија, СДС, Јакимовски и Левица продолжува“, подвлекува Велјановскиановски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.