Карпош дава субвенции за нови велосипеди и електрични тротинети

Традиционално и оваа година, локалната самоуправа објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети, започнувајќи од среда (07.02.2024 година). За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“.

Притоа, се предвидува субвенционирање до 30% од цената на купување на нов велосипед, или во максимален паричен износ најмногу до 4.500 денари, додека пак за купување на нов електричен тротинет, Општина Карпош ќе субвенционира до 30% од цената, односно најмногу до 6.000 денари. Право на субвенционирање во оваа акција ќе има секој полнолетен жител на општина Карпош, кој ќе купи нов велосипед или електричен тротинет започнувајќи од 07.02.2024 година (среда).

Потребни документи за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети се:

– Барање за субвенција за купување на нов велосипед или електричен тротинет;

– Изјава за согласност за обработка на лични податоци;

– Лична карта (фотокопија);

– Трансакциска сметка, (фотокопија);

– Фискална сметка за купен велосипед или електричен тротинет, кој е купен не порано од 07.02.2024 година (среда).

Инаку, жителите кои веќе оствариле право на субвенција во тековната година и добиле средства по истата од Град Скопје, немаат право да учествуваат по огласот. Барањата со комплетната документација, заинтересираните странки треба да ги доставуваат до Архивата на Општина Карпош (барака бр. 2).

По поднесувањето на документите, подносителите во писмена форма ќе бидат известени дали ќе бидат корисници на предвидените средства за субвенција за купување на нов велосипед или електричен тротинет. Исплатата на средствата, согласно законските прописи ќе се изврши по завршувањето на изборниот процес. За сите дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат кај координаторот на проектот, Марко Петрушевски, на телефонскиот број: 078/486-063.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.